Лино Червар се врати во ППД Загреб како – советник!

Хрватскиот селектор и поранешен долгогодишен кормилар на скопски Металург и екс-македонски селектор, Лино Червар се врати во ППД Загреб, како стручен советник за спортски прашања, за да му помогне на хрватскиот ракометен гигант кој од поодамна воопшто не е конкурентен во европски рамки.

Червар се враќа во загрепскиот клуб и со своето искуство, со своето знање, еланот и амбициите, како и успесите што ги има во кариерата за да помогне во развојот на клубот на сите нивоа и во сите возрасти.

„Долго години бев тренер на овој клуб, добро го познавам, а сега сум во една поинаква ситуација со една поинаква 'широка' улога во однос на таа тренерската. Коронавирусот посебно ги погоди спортовите во сала, па денеска е егзистенцијално прашање за да ги одржиме клубовите. ППД Загреб е мотор на сите наши клубови, зашто има богато минато, сегашност и мора да има иднина. Со години вадеше многу деца, многу ракометари, клубот е многу важен за нашата репрезентација. Мора да гледаме како со новата технологија и со нови методи што побрзо да ги оспособиме децата и нашите играчи да го носат клубот каков што е Загреб. Идеален модел за мене е скандинавскиот, кој вклучува работа само со домашни играчи, каде се прави вистинска селекција. Мора да создаваме играчи и мое е е да го пренесам искуството, визијата, идеите и да се обидеме да го направиме тоа. Ќе се обидам со сето тоа искуство да влијаам и да ги насочам и младите тренери“, вели Червар.