Дибиров претставен во Загреб: Среќен сум што доаѓам во великан со традиција!

Екипата на Вардар денеска и официјално остана без уште едно големо име во пресрет на новата сезона, откако хрватскиот тим ППД Загреб официјално го претставија Тимур Дибиров како ново засилување.

Искусното десно крило потпиша едногодишен договор со „плинарите“, каде што ќе игра заедно со поранешните клупски колеги од црвено-црниот табор, Вук Борозан и Иван Чупиќ.

„Среќен сум што доаѓав во Загреб, клуб со богата историја и традиција, од чии редови настапувале многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи и знам дека ќе давам се од себе за да оствариме добри резултати. Со некои од новите соиграчи имав играно и претходно, како Борозан и Чупиќ, со дел сум бил противник на теренот, а со останатите допрва ќе се запознавам. Имаме екипа која има што да докаже и дека сезонава многумина пријатно ќе изненадиме“, изјави Дибиров.

Руското крило си заминува од Вардар по девет години настап во црвено-црниот дрес, во кој двапати стана шампион на Европа. Претходно има играни само за Чеховски медведи.