Дибиров на 41 година доби нов договор од Загреб!

Легендата на Вардар, Тимур Дибиров и во наредната сезона ќе го носи дресот на Загреб, рускиот ракометар стави потпис на нов договор со хрватскиот клуб.

И покрај возраста, Тимур Дибиров игра во голема форма, доказ за тоа е новиот договор кој му го понуди Загреб.

Дибиров стави потпис на нов, едногодишен договор со Загреб, па и во наредната година ќе го носи синиот дрес на хрватскиот клуб.

Покрај со Дибиров, Загреб го продолжи договорот и со уште седум други ракометари, Јаков Гојун, Лука Ловре Кларица, Матеј Мандиќ, Давор Чавар, Патрик Валчак, Алекс Кавчиќ и Адин Фаљиќ.