Дибиров и двајца ракометари на Пелистер во идеалниот тим во СЕХА

Веспрем славеше против ППД Загреб со 32-30 во финалето на СЕХА-лигата и така го освои петтиот трофеј, додека Пелистер заврши на третата позиција по триумфот против Нексе, по што беше избран идеалниот тим во натпреварувањето.

Во идеалниот состав имаше место за двајца ракометари на битолскиот тим, а тоа се Жарко Пешевски и Усама Хосни, додека во тимот се најде и поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров.

Идеален тим на Ф4-турнирот во СЕХА:

Голман: Аљаш Пајнтар (Загреб)
Лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
Лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Десен бек: Усама Хосни (Пелистер)
Десно крило: Никита Валјупов (Веспрем)
Кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Пелистер)
Дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)
МВП: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)