
Червар бесен зашто го сменија: Гобац ме тргна зашто мисли дека е татко на ракометот!
Поранешниот селектор на „каубоите“, кој потоа беше тренер на Металург и македонски селектор, во последните две години беше координатор во сојузот, ама откако извршниот одбор реши сè да менува, а таа смена силно го погодила Червар кој бесно му се нафрли на првиот човек на хрватскиот ракомет Зоран Гобац.
„Сега Зоран Гобац е среќен. Во ред. Тој (Гобац – н.з.) мисли дека е татко на ракометот. Мисли дека јас сум му опасност, а јас се занимавам само со ракомет, немам никакви други амбиции“, рече Червар.
„Јас не сум никаков координатор на сениорската репрезентација. Постои службен договор во кој не пишува такво нешто и жал ми е. Храброст е да се пласираат такви лаги“, додал легендарниот тренер.