Босански репрезентативец ја скрши ногата, сите се држеа за глава по стравичната повреда (ВИДЕО)

Босанскиот ракометен репрезентативец Никола Јеремиќ доживеа стравична повреда на денешниот дерби меч од домашното првенство помеѓу Искра и Грачаница.

Хорор повредата се случи после самиот старт на второто полувреме, кога Јеремиќ под притисок на пасивен напад даде извонреден гол од 10 метри, но на доскок му пукна ногата. И дека станува збор за тешка повреда јасно беше откако сите на теренот се фатија за глава