Зорман: Судиите во текот на целиот меч судеа за Данска!
Во последниот напад на Словенците кој беше напад за израмнување, на општо изненадување судиите не досудија пенал и покрај тоа што Данец газеше во голманскиот простор. Судиите гледаа и видео, но сметаа дека нема пенал.
Ситуацијата крена лавина реакции, а по мечот распука и селекторот Зорман.
„Судењето во текот на целиот натпревар не беше на ниво на полуфинале, ниту на ниво на Олимписки игри. Судиите се свиреа за Данците, па дури и малите одлуки, сите спорни топки одеа на нивна страна. Не сакам да зборувам многу за судиите, но тоа е факт. Зашто ракометот не е глобален спорт, затоа што има премногу слободно толкување на судиите, што е фаул, колку трае нападот, што е седмерец...“, рече Зорман по мечот.