Зицерот кој Хаидарирад го одбрани на Карачиќ се најде во топ 5 на колото (ВИДЕО)

Пелистер со победа над Загреб ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за триумфот на битолскиот состав е голманот, Хаидарирад.

Иранецот имаше неколку одлични интервенции, а една таква се најде и помеѓу најдобрите во колото. Станува збор за зицерот кој го одрани на Игор Карачиќ, оваа одбрана се најде на третото место на најатрактивни во колото.

За жал, Пелистер по натпреварот доби и лоша вест за Хаидарирад кој ќе треба да паузира околу еден месец откако ја обновил повредата на задната ложа.