Големи проблеми за Пелистер - повторно се повреди Хаидарирад!

Македонскиот ракометен шампион Пелистер соопшти дека иранскиот голман Сеид Хаидарирад ја обновил повредата со која претходно се здоби на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Хаидарирад поради парцијална руптура на задната ложа ќе мора да биде надвор од ракометните терени на неодреден период, а тоа воедно е голем удар за екипата од Битола.

Пелистер во следниот период ќе мора да смета на Никола Митревски и Давид Брестовац во новите предизвици кои го очекуваат македонскиот првак.

Фото: Пелистер РК