Вујо: Вардар се крена, ова е натпревар кој мора да го победиме!

Вардар му гостува на ППД Загреб (среда 20.45) во 10. коло од Лигата на шампионите, детерминиран да ја прекине серијата од шест порази, со која го стави во прашање и шестото место во групата А, последно од оние што носат во осминафиналето.

Сепак, владее оптимизам и верба дека ќе се добие мечот со хрватскиот првак, базирано на добрата игра во Кил минатата недела и покрај поразот. Згора на тоа, победа на ова гостување би значела победнички крај на 2021 година и ветер во грб за преостанатите четири натпревари од фазата по групи, два од нив со противници кои се совладливи, смета Вујо.

„Нѐ очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ... Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп... Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тома од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето. Мислам дека Вардар ја подигна играта. Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до противници кои се, реално, близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека во продолжението од сезоната ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Вујовиќ.

Вардар е шести во групата А по девет кола, со пет бода, Загреб е веднаш зад него со четири.