Во лов на ново ЕП почнуваме против Естонија на домашен терен

Познат е распоредот за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија денеска ги доби противниците за квалификациите, добивме повлна група, со нас се Словенија, Литванија и Естонија.

Квалификациите почнуваат во октомври, прво играме со Естонија дома, а потоа гостуваме кај Литванија. Во март 2025 година имаме два дуели со Словенија, прво на наш терен, а потоа на гости. Завршуваме во мај кога прво ќе гостуваме кај Естонија, а потоа ќе ја пречекаме Литванија.

Првите две селекции и четири најдобро третполасирани од секоја група одат на Европското првенство.