Веспрем се „загреа“ за Вардар: Манасков со 11 гола во мрежата на Гионгоси

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков блесна во победата на Веспрем против Гионгоси (34-27), па постигна дури 11 погодоци.

Веспрем одлично ја почна сезоната во унгарскиот шампионат, кадешто стигна до осум победи по осум меча, па се наоѓа на првото место со 16 бода, додека второпласиран е Пик Сегед со 14, но и со одигран меч помалку.

Унгарскиот гигант со денешната лесна победа се „загреа“ за мечот против европскиот шампион Вардар, кој се игра во сабота од 17.30 часот во рамки на петтото коло од Лигата на шампиони.