Милер стигна до јубилеј во ЛШ каков што само имале уште Чави и Касиљас!

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Томас Милер со почетокот на мечот против Реал Мадрид, дојде до голем јубилеј.

За Томас Милер ова е 150. натпревар во Лигата на шампионите за Баерн Минхен.

Тој е само третиот фудбалер во Лигата на шампионите кој успеал да одигра толку натпревари за само еден клуб. Другите двајца на кои тоа им успеало се Чави (151 за Барселона) и Касиљас (150 за Реал Мадрид).

Доколку Баерн Минхен стигне до финалето, Милер може да стане фудбалерот со најмногу настапи во Лигата на шампионите за еден клуб.