„Вардарецот“ Чупиќ става крај на богатата кариера!

Еден од најдобрите хрватски ракометари и легенда на Вардар, Иван Чупиќ ојбави дека ја завршува играчката кариера, но ќе остане да работи во стручниот штаб на Загреб.

Чупиќ играше за Вардар од 2016 до 2021 година, а ги освои вардаровите срца со голот против ПСЖ во последната секунда во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Сигурен сум дека во четврток ќе го одиграм последниот меч во кариерата. Останувам дел од тимот затоа што инсистираше Андрија Николиќ. Сакам да бидам и тренер, ќе видиме дали таа улога е за мене“, кажа Чупиќ.