Веспрем го скрши ГОГ за „четири од четири“ во ЛШ

Веспрем ја запиша четвртата победа во Лигата на шампиони (ЛШ) откако вечерва славеше против ГОГ Гудме со 31-30.

ГОГ водеше со 5-2 на почетокот на мечот, но Веспрем ја презема контролата во продолжение од средбата и на паузата замина со водство од 16-14.

Унгарскиот состав имаше предност и на стартот на вториот дел, по што ГОГ успеа со пресврт да ја врати предноста, но Веспрем запиша триумф во самиот фииш (31-30).

Мае беше најдобар во дресот на Веспрем со девет гола, додека Олсен постигна осум погодоци за ГОГ.