Веспрем го прегази Орошази, Манасков постигна четири гола

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков продолжи со одличните настапи за Веспрем, па постигна четири гола во победата од 31-25 против Орошази.

Веспрем доминираше во текот на целиот натпревар, а на полувреме заминаа со предност од 19-10.

Екипата на Манасков продолжи со доминацијата и во второто полувреме, а Орошази во финишот од мечот успеа да намали на 25-31.

Најдобар во редовите на Веспрем беше Мануел Штрлек со шест гола, а Манасков постигна четири.