Вецлар конечно победи, Кузмановски постигна еден гол против Гепинген
Првото полувреме беше неизвесно од самиот почеток, а најчесто водството му припаѓаше на Гепинген, меѓутоа во завршницата Вецлар со три гола по ред стигна до 12-11.
Вецлар отвори со серија од 3-0 во вториот дел и ја најави победата против големиот ривал, а предноста во еден момент на домаќините достигна и седум гола (25-18). Сепак, на крајот екипата на Филип Кузмановски славеше со 29-24.
Кузмановски постигна само еден гол за Вецлар, кој по пет одиграни меча се наоѓа на претпоследната позиција со два бода.