Вардарци удрија по МТВ: Чувајте ги парите за мексикански сапуници!

Откако македонскиот ракометен првак Вардар и со нов лик тргна на спектакуларен начин во новата сезона во Лигата на шампионите - со гостинска победа против Монпелје вечерва (27-24), големиот триумф не успеа да го види целата македонска јавност, затоа што нема домашна телевизија која барем засега ги откупи правата од оваа сезона во ракометната елита.

Големиот триумф на Вардар остана да го гледаат само привилегираните преку Макс ТВ-пакетот на македонски телеком (Арена 4).

Поради тоа што националниот сервис не ги откупи правата, вардарци удрија по Македонската телевизија. Марко Савовски, оперативниот директор на црвено-црните и човек кој седи на клупата го нападна националниот сервис за одлуката да се откаже од ТВ-правата за сезонава во ракометната ЛШ.

„Монпеље-Вардар 24-27. Посебен поздрав до одговорните во МРТВ, бидејќи одиме во надолна линија и нели нема потреба да ги пренесувате натпреварите на РК ВАРДАР. П.С. Чувајте си ги парите за мексикански сапуници“, напиша Савовски.