Поранешниот европски шампион Вардар го прегази Валур со 33-26 на почетокот на Европската лига и потсети на старите времиња кога беше главен во Европа.

Вардарци одиграа одличен меч, а притоа добија голема поддршка од трибините, па по последниот звук на сирената, ракометарите заминаа кај навивачите да го прослават победничкиот старт на Европската лига на ЕХФ.