Крај на една ера на „Итихад“: Творецот на моќниот Манчестер Сити си заминува!

Богатите газди на Манчестер сити успеаја во намерата во изминатите години клубот да го направат англиски и европски шампион, но и еден од најдобрите во светот, меѓутоа следната година ги очекува целосна реконструкција.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека од клубот ќе си замине Цики Бегиристајн, а тоа ќе биде голем удар за „граѓаните“ бидејќи тоа е творецот на моќниот Манчестер сити и човек кој го договори Пеп Гвардиола.

Шпанецот беше поставен на позицијата директор на „граѓаните“ во 2012 година, откако претходно со многу успех работеше во Барселона.

Бегиристајн е дефинитивно еден од луѓето кои се најзаслужни за успесите кои ги имаше премиерлигашот во последните години.