Струмичкиот дрим-тим моќно го почна настапот во ЦЕВ купот!

Одбојкарите на Струмица одиграа одличен натпревар против Фино Капошвар и триумфираа со 3-0 во сетови, односно 25-19, 25-23 и 25-19 во првиот меч од ЦЕВ Купот.

Македонскиот тим постојано имаше предност против Фино Капошвар, иако ривалот успеа неколку пати да израмни, меѓутоа екипата на Струмица во завршницата влезе во одлична серија и славеше со 25-19.

Струмица и во вториот сет го диктираше темпото и водеше со 21-16 во финишот, меѓутоа Фино Капошвар блесна и намали на само еден поен (22-23). Сепак, сетот му припадна на македонскиот претставник со 25-23.

Фино Капошвар не успеа да ѝ парира на Струмица ниту во последниот сет, каде што одбојкарите на домашниот состав беа подобри со 25-19.

Македонскиот одбојкарски тим претходно беше елиминиран од грчки Олимпијакос во квалификациите за Лигата на шампиони.