Агуеро ја тужи Барселона и бара отштета од три милиони евра!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Агуеро поднесе тужба против каталонскиот гигант и бара отштета од три милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Агуеро го тужи неговиот поранешен тим затоа што не му исплатил плати во износ од три милиони евра.

Агуеро потпиша за Барселона во 2021 година, меѓутоа мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Барселона требало да му исплати одредена сума на Агуеро, но тоа не се случило откако Аргентинецот бил обвинет дека има проблеми со срцето од неговото детство.

Аргентинецот смета дека му припаѓаат три милиони евра и поради тоа правдата ќе ја бара на суд, а тоа може да биде нов удар за Барселона која веќе има финансиски проблеми.