Вардар со голманско изненадување против Веспрем!

Европскиот шампион Вардар во последниот меч за годинава во Лигата на шампиони ќе го пречека Веспрем во СЦ „Јане Сандански“, каде што ќе добие шанса да им се одмазди за поразот во Унгарија од 30-39.

Вардар подготви голманско изненадување против унгарскиот тим, па од екипата отпадна Артурс Кугис, додека на негово место ќе биде 19-годишниот Васил Гогов.

„Црвено-црните“ нема да може да сметаат ниту на Хозе Толедо и Кристијан Дисингер, но во екипата се враќа Сергеј Горбок.

Вардар во моментов има девет бодови, па со евентуален триумф може да напредува на табелата во група Б, додека останатите четири меча од групната фаза ги игра следната година.

Да потсетиме, мечот меѓу Вардар и Веспрем се игра денеска од 17 часот.