Вардар сега има прилика да му се одмазди на Монпелје за болниот пораз во Келн!

Ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Европската лига ќе играат против тимот на Монпелје кој успеа да го елиминира Елверум, а тоа ќе биде и прилика за еден вид одмазда за вардарци.

Вардар од францускиот тим беше поразен во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во 2018 година, годината меѓу двете титули во најелитното ракометно натпреварување во Европа.

Во тој натпревар во Келн, Монпелје беше подобар противник водеше и на полувремето со 14-11, а иако Вардар успеа да го добие вториот дел сепак не беше доволно за пресврт, Монпелје се радуваше со 28-27.

Најефикасни кај Вардар во тој дуел беше Лука Циндриќ и Вуко Борозан со по шест гола, додека на спротивната страна Валентин Порте се истакна со осум.

Сега првиот натпревар се игра на 28 април во Франција, додека реваншот е на 5 мај во Македонија.

Фото: EPA