Вардар на роденденот на Комити првпат ја освои Лигата на шампиони (ВИДЕО)

На денешен ден (4 јуни) пред три години Вардар за прв пат во својата историја се искачи на тронот на Европа, откако славеше против ПСЖ во големото финале на Лигата на шампионите во Келн.

Иван Чупиќ со својот гол во последните секунди донесе огромна радост на црвено-црната армија навивачи во „Ланксес арената“ во Келн, но и во цела Македонија и пошироко.

Истиот овој четврти јуни е голем празник за навивачите на Вардар, Комити, кои на овој ден се формирани во 1987 година. Кога Вардар ја освои првата европска круна во Скопје, Комитите славеа јубилеј 30 години. Две големи причини за славје, кое беше и тоа како заслужено.

Денеска Комити слават 33 години, Вардар три години од првата европска ѕвездичка на својот клупски грб.

Не дека пред 1987-ма немаше организирано навивање на Градски, имаше и тоа доста време предходно, и почетоците се на...

Posted by Komiti Skopje on Wednesday, June 3, 2020