Вардар изгледа како НБА-тим за Загреб: По првото полувреме - 8 разлика!

Ракометот се игра 60, минути, но безбедно е да кажеме дека по првите 30 од мечот меѓу ППД Загреб – Вардар, македонскиот првак му држи лекција на хрватскиот.

Резултатот е 14-6 за црвено-црните по првото полувреме, со максимална доминација и контрола на теренот. На Загреб му требаа точно седум минути за да го постигне првиот погодок, кога веќе беше 3-0 за Загреб.

Само цврстата и агресивна игра, со многу фаули го спречуваше Вардар поведе посериозно и да постигне повеќе голови. Во 15. минута беше 5-3, а до 26. веќе 12-5. Одбраната на Вардар беше беспрекорна, Загреб не само што не наоѓаше пукнатина за шут, туку и кога ќе успееше да се закани, Дејан Милосављев беше последната пречка. За 30 минути запиша шест одбрани, со неверојатни 50 проценти успешност.

Загреб, практично, половина од првото полувреме беше отсутен, бидејќи во периодот од 13. до 28. минута постигна само еден погодок. И покрај оваа доминација, впечатокот во завршницата беше дека вардарци дури и тактизираат, намерно играат во „втора брзина“, за да не ризикуваат. кога не мораат.