Вардар ги продаде билетите за Ф4 во Келн!

Повеќе од 400 навивачи ќе има Вардар на трибините во Келн за време на Ф4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите на 1 и 2 јуни.

Сите билети што клубот ги доби за своите навивачи е веќе распродаден. Црвено-црните навивачи ќе бидат сместени во секторот 218, а од клубот велат дека на трибините ќе има многу повеќе навивачи со обележја на Вардар бидејќи има најави за фанови кои индивидуално купиле билети за овие средби.

Натпреварите од полуфиналето на Ф4 се играат на 1 јуни. Во терминот од 15.15 часот ќе играат Веспрем и Кјелце, а од 18 часот играат Вардар и Барселона.

Финалето е наредниот ден од 18 часот, а претходно се игра натпреварот за трето место од 15.15 часот.