Вардар е двоен шампион, а не е ни во ТОП 10 на сите времиња во ЛШ! (ФОТО)

Веспрем денеска на социјалните мрежи објави листа на најуспешните ракометни клубови во историјата во Лигата на шампионите. Интересно е тоа што македонскиот и актуелниот европски првак Вардар не се наоѓа ниту во најдобрите 10 на сите времиња, односно од 1993 година од кога почнува елитното натпреварување. 

Вардар според досегашниот ефект во Лигата на шампионите е на 14-тото место на сите времиња со 142 одиграни натпревари. „Црвено-црните“ имаат 69 победи, 15 ремија и 58 порази во елитното натпреварување со негативна гол разлика од -14. 

Барселона е најуспешниот клуб со 296 натпревари од кои 220 победи, 20 ремија и 56 порази или 77,7 отсто успешност. Веспрем е втор, додека Кил се наоѓа на третото место. Исклучително високо котира Загреб на четвртото место пред Фленсбург, Монпелје и Целје. 

*Напомена: По првите 20 екипи, на листата се наоѓаат само екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампиони.