Вардар доби нови датуми: Две тешки гостувања за три дена (ФОТО)

Ракометарите на Вардар добија нови датуми за натпреварите против ПСЖ и Порто на гостински терен. 

„Црвено-црните“ двата дуели ќе ги играат во три дена, а најпрво на 1 декември ќе му гостуваат на ПСЖ. Потоа на четврти декември ќе ги одмерат силите и со Порто исто така на гости.

Дуелот помеѓу ПСЖ и Вардар првично беше одложен поради позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на нашиот тим, кој не отпатува за Париз. Вардар треба да добие датуми за уште два одложени натпревари, а тоа се дуелите со Елверум во Скопје и оној со Пик Сегед во Унгарија.