Валах ја има втората најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар вчера доживеа пораз во третото коло од Лигата на шампионите откако Висла Плоцк славеше во Скопје

Полскиот состав едноставно покажа дека во овој момент е поквалитетен и посилен тим и заслужено ја однесе победа. Вардар сепак не се откажа и до последен момент се бореше за да направи изненадување.

Така една од четирите одбрани на голманот Валах се најде помеѓу најдобрите во колото на втората позиција. За најдобра беше избрана одбраната на Небојша Симиќ од тимот на Мелсунген.