Роналдињо е подготвен за деби во Равена, сака да дојде до 300 гола во кариерата
Роналдињо кој има 47 години летово одлучи да ја прекине пензијата и потпиша италијанскиот третолигаш Равена. Според најновите информации од Италија, неговото деби е планиранао за 15 ноември кога тимот ќе се соочи со Форли.
Бразилецот во кариерата, од 1998 до 2015 година, постигнал вкупно 299 гола, 266 на клупско ниво и 33 во дресот на бразилската репрезентација. Главната цел на овој необичен ангажман е Бразилецот да стигне до својот јубилеен 300-ти гол во кариерата.
Сепак, најавениот спектакл не наиде на одобрување кај сите навивачи на клубот. Со оглед на тоа што Равена се бори за врвот во Серија Ц, дел од навивачите сметаат дека толку важен натпревар не е место за ревијални потези.
Социјалните мрежи се преплавени со иронични коментари во кои навивачите предвидуваат досудување непостоечки пенал за Бразилецот да постигне гол и веднаш да го напушти теренот. Други, пак, се шегуваат дека Роналдињо најмногу ќе се радува на паузите за освежување со пиво и грицки.