Рафиња не е повреден, но нема да игра на следните два натпревари

Екипата на Барселона ќе биде без Рафиња за следните два натпревари, информацијата на денешната прес-конференција ја потврди тренерот Ханси Флик.

Германскиот стратег истакна дека Бразилецот нема повреда, но поради претпазливост била донесена одлука да ги прескокне двата дуели во кои Барса ќе игра дома со Гетафе и на гости со Галатасарај.

„Рафиња нема повреда, но мораме да сме внимателни бидејќи минатата сезона се соочи со три повреди и мораме да се внимаваме на него“, изјави Флик.

На теренот бразилскиот репрезентативец би можел да се врати за гостувањето кај Реал Бетис кое е закажано за 17 ноември.