Eкс-фудбалер на Јувентус може да стане спортски директор на Милан
Милан е во потрага по нов спортски директор и Бенатија е помеѓу фаворитите за таа позиција. Бенатија веќе има искуство во ваква улога бидејќи истата ја извршуваше во Марсеј каде што почна да работи по крајот на кариерата.
Прво во периодот од 2023 до 2025 година беше советник на претседателот, а потоа работеше како спортски директор и во клубот остана до крајот на сезоната 2025/2026.
Во Милан тој би пристигнал како наследник на Игли Таре кој се повлече на крајот на минатата сезона.
Покрај Јувентус, Бенатија во Италија беше дел уште од Рома и Удинезе, додека надвор од „Чизмата“ ги бранеше боите на: Баерн, Марсеј, Клермон, Ал Духаил, Карагумрук...