Ужасното второ полувреме му пресуди на Металург против Горење

Македонската екипа Металург загуби на гостувањето во Словенија против Горење со 19-24 во ЕХФ-купот, иако во првото полувреме одигра солидно и имаше предност од 11-10.

Металург на стартот на натпреварот поведе со 3-1, па предноста од два гола ја одржуваше до 11. минута. Во следните десет минути се играше гол за гол, по што екипата од Автокоманда поведе со максимални три гола (10-7), додека на полувреме замина со 11-10.

Во вториот дел од натпреварот домаќините направија пресврт (14-13), по што следеше серија од 5-0 за водство од 19-13. Металург се обиде да се врати во игра, но Горење не попушташе и на крајот успеа да слави 24-19.

Најдобар во тимот на Горење беше Алекс Кавчиќ со седум постигнати голови, додека кај Металург најефикасен беше Мартин Серафимов со четири гола.