
Утре ќе се знае дали Алкалоид ќе ја почне финалната битка во Македонија или Грција!
Познато е дека финалните натпревари од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК ќе се играат на 17/18 мај, а реваншот ќе биде на 24/25 мај.
Утре со почеток од 11 часот во Виена е закажана ждрепката на која ќе биде одредено каде ќе се игра првиот натпревар, дали во Грција или во Македонија.
По ждрепката се очекува да бидат одредени и точните термини за двата натпревари.
Пласманот на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп веројатно ќе значи и поместување на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Беше планирано завршницата од купот да се игра од 15 до 18 мај, но тој термин се поклопува со првиот финален натпревар на Алкалоид, па се очекува домашното натпреварување да добие нов термин.