Уште едно големо дерби за Начевски и Николов

Денеска од 19 часот на ракометниот турнир од Олимписките игри во Париз на програмата е големото скандинавско дерби меѓу Данска и Норвешка.

Овој дуел ќе биде битка за првото место во групата Б, а задачата да го судат им е доделена на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Ова ќе биде четврти натпревар за нашите судии на овие Олимписки игри, претходно ги судеа натпреварите Германија - Шпанија, Словенија - Хрватска и Унгарија - Египет.