
Тежок пораз за Тиквеш на гостувањето кај Бешикташ во Европскиот Куп
Кавадарчани имаа катастрофално прво полувреме во кое нападот речиси и да не функционираше бидејќи постигнаа три гола од 14 обиди, додека Бешикташ успеа да запише дури 16.
Тиквеш се разбуди во второто полувреме, во кое конечно почна да функционира нападот, но и одбраната, меѓутоа екипата од Кавадарци успеа само да намали на 20-31.
Реваншот меѓу Тиквеш и Бешикташ се игра на 18 октомври од 19 часот.