Интер Мајами ќе го обнови триото - Меси, Суарез и Нејмар!?

Американските медиуми пишуваат дека Интер Мајами ја разгледува опцијата да го ангажира бразилскиот фудбалер Нејмар и повторно да го обнови легендарното трио со Лионел Меси и Луис Суарез.

Екипата од Мајами наводно гледа голема шанса да го донесе бразилскиот фудбалер уште во декември, а Нејмар немал ништо против да им се приклучи на Меси и Суарез во САД.

Тие тројца играа заедно од 2014 до 2017 година и беа едни од најстрашните во светот. За време на заедничкиот период во Барселона, триото „МСН“ постигна 364 голови и 173 асистенции.

Фото: EPA