Спектакл во „Јане Сандански“: Огромно знаме колку цела трибина! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Вардар и Кил почна фуриозно на теренот, но и на трибините. првпат откако е дозволено присуство макар и на 50 проценти публика, во „Јане Сандански“ се појави огромно знаме.

„Еден живот, една љубов“ ја покри целата источна трибина, онаа во која гледаат ТВ-камерите, потсетувајќи дека старите добри времиња со спектакуларна атмосфера не се недостижно минато. Лудилото во домот на Вардар полека се враќа и да не постоеја рестрикции вечерва Кил ќе играше пред 6.500 гледачи.

Добро е тоа што засега и резултатот ја следи блескавата атмосфера и македонскиот шампион води со 13-10.