Со стил до крај: Лазаров со „ракетен проектил“ се отпиша од Келн (ВИДЕО)

Македонската ракометна легенда настапот на фајналфор-турнирот во Келн со екипата на Нант го заврши на четвртото место, откако во малото финале загуби од ПСЖ во меч во кој постигна еден погодок.

Но, тој беше во негов стил, спектакуларен од десет метри и со огромна брзина. Луѓето од ЕХФ измерија дека неговиот проектил летал со 101 километар на час, апсолутно неверојатно за ракометар навлезен во петтата деценија.