Силни ривали за младинките и кадетките за ЕП и за младинците за Мундијалот!
Младинската репрезентација до 19 години ќе се натпреварува во групата А, каде што за ривалки ќе ги има репрезентациите на Унгарија, Чешка и Полска.
Групи за младинското Европско првенство:
Група А: Унгарија, Чешка, Македонија, Полска
Група Б: Данска, Црна Гора, Исланд, Литванија
Група Ц: Србија, Шведска, Швајцарија, Финска
Група Д: Германија, Романија, Шпанија, Фарски Острови
Група Е: Франција, Норвешка, Португалија, Словенија
Група Ф: Хрватска, Холандија, Австрија, Турција
Кадетската репрезентација на Македонија, пак, е сместена во групата Б, каде ќе се соочи со селекциите на Словачка, Германија и Португалија. Овој состав успеа да избегне дуели со силните скандинавски и балкански репрезентации.
Групи за кадетското Европско првенство:
Група А: Шведска, Данска, Шпанија, Турција
Група Б: Португалија, Германија, Македонија, Словачка
Група Ц: Исланд, Холандија, Швајцарија, Фарски Острови
Група Д: Норвешка, Унгарија, Србија, Словенија
Група Е: Црна Гора, Франција, Чешка, Литванија
Група Ф: Романија, Хрватска, Полска, Австрија
Европските првенства ќе се одржат во Подгорица, Црна Гора. Турнирот за младинките е закажан од 9 до 20 јули, додека кадетското првенство ќе се одржи од 30 јули до 10 август.
Силни ривали добија и младинците во машка конкуренција, кои ќе настапат на Светското првенство (СП) во Катовице (Полска) од 18 до 29 јуни, Нашите таленти ќе играат против Исланд, Романија и против уште една селекција што ќе добие вајлд-карта од ИХФ.