Шпанија постави рекорд на Евро 2020

Актуелниот европски првак Шпанија вчера без многу мака ја победи Чешка за четврта победа на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска и таа победа беше – рекорд на континенталните собири.

Шпанците кои во Хрватска пред две години се крунисаа за континентални владетели со триумфот против Чешка стигнаа до седум победи во низа, што досега не се случило во историјата на европските првенста. Нивната победничка серија започна со триумфот против Германија во последното коло од главната рунда по групи со која обезбедија полуфинале, па следеа триумфите над Франција во полуфиналето и против Шведска во финалето, а продолжија на ова ЕП со победите над Летонија, Германија и Холандија во првата фаза и вчера со триумфот против Чешка.

Следен меч на Шпанците е против домаќинот Австрија во сабота (18.15 часот) за победничката низа да ја продолжат, а до крајот на групната фаза им преостануваат мечевите со Белорусија во понеделник (18.15 часот) и дербито со Хрватска во среда (16 часот).