Шишкарев: Јас сум во сон луѓе, овој Вардар мора да продолжи да постои!

Во победата на Вардар за титула придонесоа сите од тимот, повеќе или помалку. Данил Шишкарев се повреди во првиот дел, имаше скратена минутажа во вториот и вели дека, кога веќе не можел да игра - се молел за титула.

Шишкарев вели дека не е при себе, дека сонува и не знае дали ова е вистина. А кога веќе е, зарем треба овој Вардар да згасне вели руското десно крило.

„Јас сум во сон, последни 10 минути ги гледав од клупата, но секогаш е подобро да играш отколку да седиш на клупа. Се молев само да издржиме. Ова беше порака за фаворитите. Браво за моите момци, и многу сум среќен. Имаше и криза во екипата, но се држевме. Ова е сценарио за одличен крај, но јас искрено се надевам дека нема да биде крај. Вардар ќе мора да продолжи да опстојува, да игра во Лигата на шампионите. Ова нека биде голем чекор за иднината на Вардар. Верувам дека клубот ќе остане во ист ритам и со исти цели“, си посака Шишкарев.