Приведен навивач во Чаир - фрлил предмет кон клупата на Шкендија!

Шкендија вчера славеше на гостувањето кај Шкупи во Чаир со 2-0, а еден од навивачите на домашниот тим предизвикал инцидент поради што бил приведен од полицијата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека навивачот бил приведен откако фрлил предмет кон клупата на Шкендија.

„На 04.05.2024 во 19.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле О.Ј.(27) од Скопје, поради тоа што околу 18.15 часот на стадионот Чаир за време на одржување на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Шкендија, од трибина фрлил со предмет кон клупата на гостинска екипа на ФК Шкендија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“, соопшти МВР.

Шкендија и Струга ТЛ имаат по 61 бод и се наоѓаат на делба на првата позиција, додека Шкупи е трет со 58 бодови.