Шести триумф по ред за Нант, Лазаров постигна само еден гол

Нант ја продолжи победничката серија во француското првенство откако денеска го совлада Истр со 33-26 за шести триумф по ред во шампионатот.

Истр одигра солидни 30 минути, во кои не се предаваше против Нант и на полувремето замина со 12-13, но во вториот дел ситуацијата драстично се промени.

Нант ја презема контролата врз резултатот во вториот дел и на крајот извојува триумф од убедливи 33-26.

Македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров немаше најдобар ден на теренот и постигна само еден гол од пет удари.