
Серафимов: Не дали можеме - мораме да играме подобро!
По беспомошните порази во Плоцк, Металург се прикажа во попристојно светло против Чеховски медведи, но повторно загуби. Еден од факторите за тоа што екипата почна да се консолидира е враќањето на дел од повредените и болните играчи, како Марко Тарабокија.
„Штета што повторно не сме комплетни, но факт е дека со враќањето на Тарабокија нашата игра се крена на едно повисоко ниво. Против Чеховски медведи имавме значаен напредок во играта, а очекувам тој тренд да продолжи и на дуелот со Фиверс. Тоа е тим составен од искусни ракометари, но верувам дека нашата желба за победа ќе биде поголема од нивното искуство и дека тоа ќе се покаже пресудно на вечерашниот натпревар“, изјави Мартин Серафимов, пред вечерашниот дуел.
Ајде што немаат шанси да ја дочекаат пролетта во Европската лига, но мотивацијата за да одиграат најдобро досега не ги напушта и од една друга причина. На 6 март Металург ќе го одигра првиот натпревар од плејофот во домашната Суперлига, па подобро „загревање“ може само да посака.
„Не е прашање дали можеме, туку мораме да играме на високо ниво. Имаме огромна желба, да напредуваме од натпревар во натпревар и со самото тоа да се подготвуваме за домашното првенство. Се надевам дека сето тоа ќе заврши во најдобар ред, веќе надминавме бројни проблеми со изолации и со позитивни играчи, го оставаме тоа зад нас и очекувам да бидеме комплетни и во топ-форма за клучниот дел од сезоната“, додаде Серафимов.
И на овој натпревар Металург е без Златко Хорват, Милан Лазаревски и Велко Марковски, во прв ред