Русија, Франција, Романија и Холандија се пласираа во полуфинале на ЕП за жени

На Европското првенство за жени денеска заврши втората фаза, а убедливи победи постигнаа ракометарките на Франција против Србија и на Шведска против Русија, па во полуфинале на крајот ќе играат Холандија, Романија, Русија и Франција.

Франција ја порази Србија со 38-28 и на таков начин ја остави на последната позиција во група 1. Франција ја освои втората позиција во групата и така оди во полуфинале.

Во вториот меч од истата група, Шведска ја прегази русија со 39-30, па Русинките и покрај тоа ќе играат во полуфиналето бидејќи се први во групата, додека Швеѓанките се трети со епт бода.

Во група 2, Холандија беше подобра од Германија со 27-21, а Унгарија од Романија со 31-29. Холандија заврши прва со осум бода, додека Романија беше втора со шест.