Раул во проблеми: Мешков Брест му го нанесе вториот пораз на ПСЖ во ЛШ

Брест Мешков славеше со 32-31 против фаворитот ПСЖ во рамки на Групата А во Лигата на шампиони. 

За францускиот гигант предводен од Раул Гонзалес ова е втор пораз на вториот натпревар по стартот на сезоната. Во минатото коло „светците“ беа поразени од Флензбург, а вечерва и во Белорусија.

Брест одигра фантастично прво полувреме и освен минималното водство на Французите во почетните минути, во продолжението домашниот тим доминираше. На полувремето беше 19-14 за Белорусите, но потоа ПСЖ се разбуди. По една серија до 7-2, гостите го израмнија резултатот на 21-21. Брест не дозволи целосен пресврт и успеа да го исконтролира водството до самиот крај за конечен триумф од 32-31.

Микита Вајлупов со седум голови беше најефикасен во таборот на победничкиот тим, додека Марко Паниќ постигна еден помалку. Поранешниот „вардарец“, Даинис Криштопанс со седум голови најмногу се истакна кај ПСЖ, а Микел Хансен постигна шест.

Во рамки на Групата Б, Веспрем ја продолжи победничката серија и во третото коло славеше на гостувањето кај Мотор со 37-34.