Раул Алонсо: Веспрем е една од најдобрите екипи во Европа
Битолчани заминуваат како аутсајдери во Унгарија, но со желба што подобро да се претстават пред тамошната јавност. На првиот меч во Битола, Веспрем славеше со 30-23, па на Пелистер ќе му треба чудо за да дојде до триумф денеска.
„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имаме три дена за подготовка и ќе се подготвиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум. Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколку пати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене“, рече Алонсо пред натпреварот.