Фудбалерите на Вардар станаа тим со најмногу порази во домашното првенство, откако во денешниот меч од 16. коло загубија по десетти пат и тоа на домашен терен против Гостивар (0-1).

Тоа беше тврд меч во кој гостите заслужено дојдоа до бодовите, со оглед што имаа повеќе од играта, еден удар во пречката и неколку изгледни шанси. Јунак во гостинскиот табор беше Асане Диата, кој го отвори резултатот со прекрасен погодок во 63. минута, кога од 16-тина метри ја закова топката под пречката на вардаровиот гол, а потоа Ивановски го потврди триумфот со гол во 87. минута.

Вардар и покрај поразот, помалку изненадувачки, дури и се искачи едно место на табелата па сега е на десеттата позиција со 12 бодови, колку што има и Воска, но сега со полоша гол разлика по убедливиот пораз на гостувањето кај Силекс (1-4).